Bluetooth безжична технологија
Bluetooth технологијата Ви овозможува да го поврзете Вашиот уред користејќи
радио бранови, со компатибилен Bluetooth уред или додаток кој е во опсег од 10
метри (32 стапки).
Одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Конективност
>
Bluetooth
.
Поставување Bluetooth врска
1 Одберете
Име на мојот телеф.
и внесете име за вашиот уред.
20 Поставки
2 Одберете
Bluetooth
>
Вклучи
. прикажува дека Bluetooth конективноста е
активна.
3 За да го поврзете вашиот уред со аудио додаток, одберете
Повр. се со аудио
до.
и уредот кој сакате да го поврзете.
4 За да го спарите вашиот уред со било кој Bluetooth уред во опсегот, одберете
Спарени уреди
>
Додај нов уред
.
Скролувајте до најдениот уред и одберете
Додај
.
Внесете лозинка (до 16 знаци) на вашиот уред и дозволете ја врската на
другиот Bluetooth уред.
Ако сте загрижени за безбедноста, деактивирајте ја Bluetooth функцијата или
прилагодете
Видл. на мојот тел.
на
Скриени
. Прифаќајте Bluetooth комуникација
само од оние на кои им верувате.
Поврзете го Вашиот компјутер со интернет
Можете да користите Bluetooth технологија за да го поврзете Вашиот
компатибилен компјутер на интернет без софтверот PC Suite. Вашиот уред мора да
биде во можност да се поврзе на интернет (мрежна услуга) и Вашиот компјутер
мора да подржува Bluetooth технологија. По поврзувањето на услугата мрежна
пристапна точка (NAP) од уредот и спарувањето со Вашиот компјутер, Вашиот уред
автоматски отвора интернет врска на пакетни податоци.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува
следниве профили: генерички пристап, hands-free, слушалки, потиснување на
објекти, трансфер на датотеки, dial-up мрежа, сериски порт, SIM пристап и
генеричка размена на објекти . За да осигурате интеропратибилност помеѓу другите
уреди што поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци за овој модел
што се одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите уреди за да
ја утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката
на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.