Nokia 2710 classic - За Мапи

background image

За Мапи

Одберете

Мени

>

Мапи

.

Мапи 27

background image

Со Мапи можете да пребарувате мапи на различни градови и земји, да барате

адреси и места од интерес и да ја видете Вашата моментална положба, ако е

достапна. Исто така можете да планирате маршрути и да добиете свиок-по-свиок

навигациско водење.
Ако на Вашиот уред или на вметнатата мемориска картичка има достапни мапи

можете да ги пребарувате без интернет конекција. Кога пребарувате во некоја

област која не е покриена со мапите кои се веќе даунлоадирани на Вашиот уред,

тогаш автоматски преку интернет ќе се преземе мапа за таа област. Може да Ви

биде побарано да одберете влезна точка за да ја користите со интернет

конекцијата.
Даунлоадирањето на мапи може да вклучи пренос на огромни количини на

податоци преку мрежата на Вашиот оператор. За информации во врска со

тарифите за пренос на податоци, контактирајте го Вашиот оператор.
Некои услуги може да не се достапни во сите земји и може да бидат обезбедени

само на определени јазици.
Кога ќе отворите Мапи, одберете од следново:

Мом. позиција — Приказ на Вашата моментална локација.

Неодамне. лока. — Приказ на локациите кои сте ги пребарувале.

Најди адреса — Барање на одредена адреса.

Упати ме до — Приказ на насоката до дестинацијата, прикажана со права линија.

Зачувани лока. — Најдете локација којашто сте ја зачувале на Вашиот уред.

Плани. маршута — Планирајте маршрута.

Прилагодувања — Дефинирајте ги прилагодувањата за Мапи.
Скоро целата дигитална картографија е непрецизна и некомплетна до некој

степен. Никогаш не се потпирајте единствено на картографијата која што ја

даунлоадирате за употреба во овој уред.