Nokia 2710 classic - GPS приемник

background image

GPS приемник

Ако Вашиот уред има внатрешен GPS приемник, можете да го користите заедно со

Мапи.
Користењето на внатрешен GPS приемник може побргу да ја потроши батеријата

на уредот.
Користење на надворешен GPS приемник

1 Целосно наполнете го Вашиот компатибилен GPS приемник и вклучете го.

2 Поставете Bluetooth врска помеѓу Вашиот уред и GPS приемникот.

3 Поставете го приемникот GPS во положба со неблокиран поглед кон небото.

4 Отворете ја апликацијата Мапи и одберете го надворешниот приемник GPS.
Може да бидат потребни неколку минути за да се воспостави првата GPS врска.

Поврзувањата коишто следуваат се побрзи, но ако не сте го користеле GPS неколку

денови или ако сте многу далеку од последната локација на којашто сте го

користеле, може да биде потребно некое време за да се најде силен сателитски

сигнал.
Исто така можете да користите Мапи без GPS приемник за да пребарувате мапи, да

барате адреси и локации и за да планирате маршрути.

Мапи 29