За методите за позиционирање
Мапи ја покажува Вашата локација на мапата користејќи GPS или A-GPS.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е систем за навигација базиран на
сателит, кој се користи за пресметување на Вашата локација. Помошниот GPS (A-
GPS) е мрежен сервис кој користи информации од локалната мрежа за да ја
подобри брзината и прецизноста на GPS позиционирањето.
Даунлоадирањето на податоци A-GPS опфаќа пренос на податоци преку мрежата
на Вашиот оператор. Додека сте во роаминг, т.е. надвор од мрежата на Вашиот
оператор, трошокот на преносот на податоци може да биде поголем од
очекуваниот. Затоа, стандардно A-GPS не се користи за време на роаминг, но ова
28 Мапи
значи дека пресметувањето на Вашата локација може да трае подолго отколку при
користење на A-GPS.
За да се дозволи користење на A-GPS во роаминг, одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Конективност
>
GPS
>
GPS помогна. од Инт.
. За информации
во врска со тарифите за пренос на податоци, контактирајте го Вашиот оператор.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на Соединетите
Држави, која е единствено одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае прилагодувањето на GPS
сателитите кое го прави Владата на Соединетите Држави и е предмет на промена
со политиката за цивилен GPS на Министерството за Одбрана на Соединетите
Држави и Федералниот Радионавигационен План. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот на GPS
сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како и
временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во внатрешноста на
згради или под земја и може да бидат попречени од материјали како што се бетон
или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш да
се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се појават грешки при
заокружување. На точноста исто така може да влијае и достапноста и квалитетот
на GPS сигналите.