Nokia 2710 classic - Грижа за Вашиот уред

background image

Грижа за Вашиот уред
Внимателно ракувајте со Вашиот уред, батерија, полнач и додатоци. Следниве сугестии Ви помагаат да ја заштитите

важечката гаранција.

Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите типови на течности и влага може да содржат минерали што

предизвикуваат корозија на електронските кола. Ако Вашиот уред се навлажни, отстранете ја батеријата и

оставете уредот да се исуши.

Не го користете или чувајте уредот во прашливи или нечисти места. Подвижни делови и електронски компоненти

може да се оштетат.

36 Информации за производот и безбедноста

background image

Не го чувајте уредот на високи температури. Високите температури може да го намалат животниот век на уредот,

да ја оштетат батеријата или да ги искриват или растопат пластичните делови.

Не го чувајте уредот на студени температури. Кога уредот ќе се затопли на својата нормална температура, во

внатрешноста на уредот може да се формира влага и да ги оштети електронските кола.

Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено во упатството за корисникот.

Неодобрените модификации може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.

Не го испуштајте удирајте или тресете уредот. Грубото ракување може да ги скрши внатрешните плочки на колата

и механиката.

Користете само некое нежно, чисто, суво платно за да ја исчистите површината на уредот.

Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и да спречи правилно функционирање.

За оптимални перформанси, исклучете го уредот одвреме-навреме и отстранете ја батеријата.

Држете го Вашиот уред настрана од магнети или магнетни полиња.

За да ја сочувате безбедноста на Вашите важни податоци, чувајте ги на најмалку две засебни места, како што се

Вашиот уред, мемориска картичка или компјутер, или запишете ги важните информации.